ЦЕЛИОТ СВЕТ ПОД КОНТРОЛА: Кина лансира 300 космички апарати, ќе го прекријат светот со сателити

Кинеската корпорација за аерокосмичка наука и техника (CASC) за време на 2018 година ќе започне со создавање на мрежа од телекомуникациски сателити на ниски орбити.

Мрежата веќе го добила називот “Хонгиан”, а ќе се состои од околу 300 космички апарати.

Во Пекинг е објавено дека проектот ќе биде реализиран во три фази, а кога ќе биде завршен истиот ќе обезбедува мобилна телефонија и пристап до интернет на секоја точка од Земјата.

Оваа година ќе биде клучна за неколку кинески космички програми.

“САSC” планира до декември да изврши 35 лансирања на ракети.

Со тоа Кина ќе создаде уште една своја навигациона мрежа како што е американската GPS, а ќе ги покрива сите земји кои ќе бидат вклучени во проектот “Економски појас Пат на свилата”.

Meѓутоа, тоа ќе биде само прва етапа од развојот на тој проект. Затоа што до 2020 година, Кина има амбиции со таа мрежа да ја покрие целата планета.