Фото: Неред на сите страни – погледнете што се случило во Црна Гора после силниот земјотрес денеска

0

По земјотресот на магистралниот пат Колашин-Бело Поле дошло до прекин на сообраќајот поради камења кои се струполиле на патот.

Надлежните служби велат дека сѐ уште немаат информации за одроните, а мештаните за црногорските медиуми велат дека камењата непрестано паѓаат.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Црна Гора денеска, а веднаш потоа следуваа и други послаби земјотреси.