ФОТО СПОРЕДБА: Некогаш темните улички во прилепската “Стара чаршија”, денес се претворени во урбани цветни шеталишта

Прилепчани одамна го заборавија стариот и не така популарен изглед на срцето на градот, а тоа е “Старата чаршија”.

Новите цветни улици поплочени со бекатон плочки, со канделабрите, модерната урбана опрема, јапонските цреши, цвеќето и зеленилото се замена за сивилото на стариот и дотраен асфалт.

Движењето по нив е посебно задоволство и значат премногу како за граѓаните, така и за дуќанџиите и угостителите сместени на нив.

Ваков беше претходниот изглед на овие улици, што денеска ретко кој го памети.

Кога се работи со љубов и посветено се добива следното:

Aлександар Г.