(ФОТО) СЕКСИ НАРКО ДИЛЕРКИ РАБОТАТ НА БАЛКАНОТ: За своите криминални активности ангажирале и свештеник

0

Припадниците на полицијата во Чачак ги упасиле Свлетлана и Ана Попадиќ поради сомневање дека организирале транспорт на 27 килограми марихуана која српската полиција ја заплени на 27 февруари оваа година во Мрчајевац. За уапсената мајка и ќерка работел и свештеник.

Во претресот на нивниот стан одземени се 1.035 американски долари, 280 евра, 50 канадски долари, 70 конвертабилни марки и 40 шведски круни, пари кои се стекнати со продажба на наркотици. Исто така, од осомничените се одземени и шест автомобили.

Поради сомневање дека неовластено произведувале и продавале опојни дроги, по налог на Вишото јавно обвинителство во Чачак, тие се задржани 48 часа.

Не е познато дали мајката и ќерката дрога му подметнале на свештеникот или се работи за заеднички бизнис.