(ФОТО) Каков е тој “ќеиф” да запалиш контејнер полн со ѓубре?! – редовна појава во Прилеп

Како може некому да го исполнува и да му прави “ќеиф” на душата палењето на контејнери?!

Ова е редовна појава во Прилеп и е дело на несовесни граѓани, кој редовно не трујат поради нивното фаќање сеир.

Речиси и да нема вечер, а некој од контејнерите пред стамбените згради да не е запален.

Нека оваа објава служи како апел со сите оние граѓани кои си ја исполнуваат душата со ваквите постапки и нека разберат дека:

Прво: Одвратно мириса!

Второ: Загадува

Трето: Во зградите живеат и мали деца и со секое излегување на тераса и тие дишат од отровните токсини.

Како ли ќе се чувствуваат и самите “пиромани” доколу и пред нивната куќа некој им ги запали корпите со ѓубре?!