Тешка сообраќајка на патот Битола – Прилеп, смачкан автомобил и превртен камион (ФОТО)

0

Тешка сообраќајка се случила попладнево на патот Битола- Прилеп, во близина на Тополчани, автомобил и шлепер завршија во ендек.

Имено според очевидци, се работи за сообраќајка помеѓу автомобил и тешко товарно возило , кои излетале од патот од засега непознати причини, пишува порталот Пресс24.

Засега нема информации за евентуално повредени лица, но полицијата е на терен и врши увид.