Син херој: Ја носел мајката инвалид 24 ката на раце за да ја спаси од пожарот во Гренфел Тауер

0

shekeb-roditeli-640x853

Жена инвалид била спасена од нејзиниот 24 годишен син во пожарот кој ја пеплоса Гренфел Тауер во Лондон. Младото момче ја носело својата мајка од 24-ти кат надолу по скалите за да ја спаси.

Младиот Шекеб Неда симнувајќи се низ скалите минувал низ пламенот, но ништо не го спречило да ја спаси неговата мајка, Флора 55, која ја носел на грб. Неговиот вујко вчера за медиумите изјавил дека сестра му која има болест на мускулите се онесвестила од чадот во семејниот стан кој се наоѓа на последниот кат.

-Шекеб мораше веднаш да ја изнесе. Ги фати нејзините раце, ги стави околу својот врат и така ја носеше 24 ката надолу, раскажува вујкото на момчето.

Флора се наоѓа во болница и е во кома. Нејзиниот сопруг и татко на херојот, Сабер (57), останал во станот и сега се води како исчезнато лице.

saber-london-zgrada-640x711

-Тој е херој. Во целиот хаос, сите врескаа и викаа, тој ја зема неговата мајка и ја симна до најнискиот кат. Речиси и да трчаше по скалите цело време. Не знам како успеа тоа да го направи, едноставно изгледа собрал сила во тој момент. Неверојатно е што направи додека целата зграда беше во чад и пламени, вели повозрасен маж чиј син е другар на Шекеб.

Шекеб бил пренесен во болница каде паднал во кома. Но, ноќ подоцна се разбудил. Членови на семејството кои го посетиле велат дека е подобар.