Се сеќавате на Битолските прекари?! После нивното обзнанување и светот се промени

Ако Штип е познат по пастмајлијата, Ресен по јаболкото, Струмица по чушки и френки, а Охрид по пастрмката, за Битола тоа сигурно се прекарите, кои мора да признаеме се пооригинални и од прилепските.

Ако се сеќавате на оваа листа на прекари, тогаш треба да бидете задоволни од животот.

Распусто – оти е роден на 10 јуни.
Лагата! – оти има куси нозе 🙂
Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи.
Свиокот – живеел на некоја кривина!

Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.
Сантимо – за сантим немал два метра кутар тој 199 см….
Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале.
ЌОШО – оти Ивица се вика.

ЛАНОТО – Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!
ДРЏ – домашна расна џукела.
Нитрото……..оти црногорец е детето и „екстремно е брзо”.

Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.

Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА.
Индексо – прв во цела мала се запишал на факултет.
ЏОГЕРО – висок, слаб со виткана коса.
Купусо – оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка – каца.

Ленче шц’ – сите машки шц праеле ко ќе поминела. Џоле – Салфета! оти женска му има фабрика за салфетки.
Спидот – оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!
Кофчего – интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка.
Индексо 2 – единствен во друштво со факултет.
Децималнио – не е баш „точен“, нормален.

Ќор – оти на сите му викаше „Кај си Саша“ 🙂
Пеце Грдиот – оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше: „Кај си бе, грд!“ Иначе на Жабата брат му.
ФЛОРЕ – оти љубовницата му се викаше Флорида.
Казанова – оти ко казан бил во главата.
Џони Walker – Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот.