Семејно насилство?! Што ви е вам?! Дибала даде ГОЛ!!! Приказна која го обиколи светот!

0

 

Во средата Јувентус играше против Тотенхем во Лигата на шампиони, а веќе е познато како го доби мечот против лондонскиот клуб, кој беше доминантен на натпреварот.

Иако Тотенхем беше на моменти единствена екипа на теренот, Јувентус победи со 1:2 и се пласираше во четвртфиналето.

Токму оваа громогласна победа предизвика големо славје кај фановите на Јувентус, а еден навивач кој натпреварот го следел во домашна атмосфера во Торино дури бил пријавен за семејно насилство.

Комшијата на гласниот фан на Јувентус се јавил во полиција и им рекол:

“Ни треба помош! Мојот комшија ја изгуби главата, станува агресивен и ги малтретира жената и детето. Дојдете брзо ве молам”.

Полицијата пристигнала и тропнала на вратата.

Кога се појавил пријавениот бил целосно збунет.

“Семејно насилство? Што зборувате, го славевме погодокот на Дибала против Тотенхем!!”