СРАМНО И СМЕШНО: ”Владата за малку ќе се убеди и самата дека “WIK” е инвестиција донесена од Самка Ибраимоски?!”

0

“Нови 1000 вработувања во Прилеп. Германската групацијата „ВИК“ ја финализира одлуката за инвестрање во Макеодија. Ќе вложат 12 милиони евра во фабриката за производствто на електрични апарати. Целото производствто ќе биде наменето за извоз во Европа, а во процесот ќе бидат вклучени и голем број домашни добавувачи”, oбјави ТВ Сител кон крајот на ноември месе 2016 година, кога од оваа компанија беше донесена одлука за изградба на нова фабрика во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп.

„Компанијата „ВИК“ одлучи да инвестира во Македонија. Беше потребно време во овој преговарачки процес, преговаравме подолго време, тие разгледуваа и други локации во ЈИЕ, но ние успеавме да ги донесеме во Македонија, да ја видат бизнис – климата и тие одлучија да инвестираат кај нас. Оваа компанија ќе донесе нова диверзификација на производството во земјава. Ќе произведуваат електрични уреди, односно апарати за кафе. Целиот продукт комплетно ќе биде произведен во Македонија, што значи дека синџирот на добавувачи ќе биде од локалниот пазар, што значи дека ќе бидат ангажирани голем број домашни компании, ќе се отворат работни места и ќе има бизнис за повеќе домашни компании“ – изјави тогаш министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

На 23 декември 2016 година фабриката беше најавена и од страна на екс премиерот Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил.

Една година подоцна оваа фабрика доби и свој камен темелник и беше трета фабрика која започна своја инвестиција во оваа индустриска зона.

“Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра и ќе се одвива во неколку фази во период од четири до пет години. Фабриката ќе се протега на површина од 5.200 метри квадратни и треба да биде готова до март следната година кога се очекува да бидат испорачани првите производи”, стоеше во соопштението објавено тогаш по медиумите.

Камен темелникот беше поставен во присуство на претставници од Дирекцијата за технолошко-развојни зони, локалната самоуправа и стопанственици. На свеченоста присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во надеж дека помнењето на гласачите е кратко, владиниот портпарол Миле Бошњаковски во текот на вчерашниот ден истакна дека владата донела две нови инвестиции, споменувајќи го името и на компанијата ВИК.

За нивна несреќа помнењето на интернетот е подолго од она на јавноста.

Иако во предизборието СДСМ беше најголемиот критичар на политиките за привлекување на странски инвестиции од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, сега се обидува да продолжи таму каде што претходната влада застана, но истакнувајќи ги старите инвестиции како нови и нивни.

Бошњаковски денес ја излажа целата јавност кога ја најави како нова инвестицијата на германската компанија ВИК. Тој на прес конференцијата изјави „Втората инвестиција е компанијата ,,ВИК’’ во ТИРЗ-от во зона Прилеп ќе инвестира шест милиони евра“.

Компанијата на групацијата “ВИК” веќе работи и регрутира кадри за фабриката која е во завршна фаза на изградба.

За тоа говорат и огласите кои од неодамна осамнаа на веб сајтот “Вработување”.

ЦЕЛА ЛЕПЕЗА ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФАБРИКАТА НА “ВИК” ВО ПРИЛЕП

Покрај новата фабрика на „ВИК“, во Технолошко развојната зона во Прилеп веќе работат компаниите „Гентерм“ и „Акомпласт“. Во инфраструктурното уредовање на зоната се вложени околу два милиона евра.