СРАМНО: Елитната прилепска населба претворена во пасиште за коњи (ФОТО+ВИДЕО)

0

Елитната прилепска населба со типски куќи во Прилеп навечер е претворена во пасиште.

До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од коњи обвиткани во најлон како пасат низ уличките.

Ова пред се е опасно по животот и безбедноста како на луѓето, така и на животните.

Несовесните граѓани кои ги оставиле животните да пасат во овој урбан дел од градот треба да сносат одговорнот, а локалните власти да започнат да се занимаваат со вистинските проблеми на прилепчани.

Истава глетка била забележана на неколку места во населбата, па возачите се жалат дека со страв возат низ уличките во оваа населба, внимавајќи да не удрат во некое од животните.