СКАНДАЛ ВО КРУШЕВО: Локални моќници од СДС ја сечат шумата над градот, а дрвјата ги делат на гласачите во обид да купат глас повеќе!

Скандал во Крушево, откако локалните моќници од владеачката СДС ги сечеле буковите дрва кои потоа ги товареле и ги носеле во штабот на партијата во градот од каде ќе бидат делени по населението во обид да се купат повеќе гласови

Скандал во СДСМ Крушево!!
Почитувани крушевчани,
На 16.11. 2015г.
Господата од СДСМ, низ шумите во Крушево, држеа прес-конференција за немилосрдно сечење на буковата корија, за она што ниту градоначалникот беше одговорен, ниту пак можеше да го спречи тоа. Пред точно две години тогашното сечење на шумата беше најостро осудено. И со право.
Но, денес по една година, кога власта е во рацете на СДСM, продолжува уште понемилосрдно сечење на истото место, каде се држеше прес-конференцијата (ако воопшто личеше тоа на некаква прес). Денес, организирано, со камиони, трактори, коли и сите патни превозни средства, дрвата се товарат и се носат во штабот на СДСМ.
Среќните партијци, дека обезбедиле дрва за зимските сеанси во партијата, се пофалија и со слики (нормално е за нив да има доказ, бидејки така ги учат од порталот ДОКАЗ).
Среќата за нив е огромна, а штетата за градот е уште поогромна. И едно прашање. Зошто ако нешто не чинело и било зло во свое време зошто не го спречите во вашите власти?
Зошто продолжувате да го правите истото?
Дрвата што ви се наредени, немаат печат!
СДСМ и криминалците во Крушево, проекти бр.1 за подобар живот! – пишува на фан страната на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Извор: Инфомакс