“Пучистите на слобода – бранителите во притвор”: Интегрално интервју со Горан Стојаноски еден од основачите на М.П.З. “Пере Тошев” (ВИДЕО)

0

Untitled

Политичките случувања во државата и загриженоста од реализацијата на така наречената “албанска платформа”, која би значела крај на Македонија каква што ја познаваме, испровоцира формирање на македонски патриотски здруженија, кои застанаа во одбрана на државата и националните интереси.

Во Прилеп беше формирано македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, здружение кое предизвика низа позитивни реакции и ги освои симпатиите кај прилепчани.

Изминатите 70 дена членовите на ова здружение застанаа рамо до рамо со своите сограѓани и беа предводници на мирните маршови “За заедничка Македонија” под “Маркови Кули”.

После случувањата во Собранието на Република Македонија на 27-ми април приведен беше еден од членовите на ова здружение, а после тие настани, но и претходно здружението трпеше критики и навреди од одредени структури на граѓани. За нештата да станат појасни, за тоа кои се позициите на ова здружение и за што се залагаат неговите членови, погледнете го интервјуто на Горан Стојаноски, еден од основачите на М.П.З. “Пере Тошев”, за Канал Визија.

А.Г.