Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ – ПРИЛЕП: “ПАНЗОНЕРИТЕ ПОНИЖЕНИ, ИЗЛАЖЕНИ И РЕВОЛТИРАНИ”

0

fafafa

По повод ветувањата во изборната програма на СДСМ  дека ќе ја зголемат пензијата на пензионерите, прес-конференција одржаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп.

“Почитувани пензионери, мои колеги во поодмината возраст!

Иако некои веруваат дека можат да се поигруваат со нас, со нашиот труд, со нашиот стаж вложен за развој и напредок на РМ, ние 330.000 пензионери едногласно ќе им порачаме! Ние не сме монети за поткусурување! За нас, како сериозни луѓе, ветеното уверување значи гаранција дека тоа ќе биде реализирано. И тоа одма, бидејќи секој одминат ден е ново разочарување!

Сакаме пезниите да бидат во висина на потребните средства за да се задоволи потрошувачката кошничка! Тоа го ветувавте, не веруваме дека не лажевте, но сега е време тоа да стане вистина! 

ВМРО -ДПМНЕ реализираше безброј проекти за подобар живот на пензионерите, ќе требаат 4 часа да ги набројам сите! Но, тоа не е потребно бидејќи секој пензионер е свесен како било, како е сега, но богами и се запрашува како ќе е во иднина!
Не сакаме да ја дефокусирате јавноста со смешни изјави, за страшни црни мачки, за министри кои не знаат што е ДДВ, за некаква продажба на името! Нас ни требаат ветените повисоки пензии! 

Ние пензионерите не знаевме, но сме имале претставник и во Собранието! Некој пензиониран Генерал Николовски кој доживеа да аплаудира на мајор пучист кој го запоседна претседателското столче! Ние сме најголема армија, 330 илјадна која може да реши многу работи! 

Не не потценувајте туку почнете да ја исплаќате ветенета повисока пензија! 


Ви благодарам!”