Пратеничката распали по својот сограѓанин и пратеник: “Како утре ќе си ги погледнеш најпрво сопствените деца, а потоа и сите останати граѓани на Неготино?

(Фејсбук статус на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова)

Ристе Ташев, дали вечерва ќе заспиеш мирно?

Како утре ќе си ги погледнеш најпрво сопствените деца, а потоа и сите останати граѓани на Неготино?

Тие кои гласаа за Сдс и.за тебе, кои поверуваа дека ќе има 500 евра плата, тие кои поверуваа дека ќе ги зголемите субвенциите, тие кои веруваа во #животот кој го ветувавте, тие кои НЕ те гласаа за ТИ Пратениче да им донесеш двојазичност, двојазичност во нашето Неготино!

Колега Ташев, ти и сите останати пратеници од Сдс ќе дозволите ли да се девалвира Собранието, ќе дозволите ли да се изврши уште едно насилие врз Деловникот со тоа што ќе бидат заобиколени поднесените Амандмани за Законот за употреба на јазиците???

Нека Ви преовлада разумот, не заради ВМРО-ДПМНЕ, заради граѓаните на Македонија, заради унитарна Македонија!