Почина генијалниот ум Стивен Хокинг

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг почина 76 годишна возраст. Британецот, познат по своето дело за црните дупки и релативитетот починал мирно во својот дом во Кембриџ утрово, соопшти неговото семејство.

Го нарекуваа чудо на природата, со оглед на тоа дека со силната волја успеал да ги побие сите лекарски предвидувања дека ќе има кус живот, откако на 22 годишна возраст му бил дијагностициран редок вид болест на невролошкиот систем.

Професорот Хокинг бил првиот што ја поставил теоријата за универзумот како збир на релативитетот и квантната механика. Исто така, откри дека од црните дупки излегува енергија и исчезнува во празно – феномен кој подоцна ќе биде наречен Хокинг зрачење.