Поубава од турската актерка: Еве која македонска актерка стои зад ликот на Дефне (ФОТО)

0

gdfgfd

Од порталите имавте можност да прочитате и откриете дека македонскиот актер Жарко Димоски го синхронизира ликот на Омер во турската романтична комедија „Вљубениот ерген“.

Па така, откако го видовте македонскиот Омер, претпоставуваме се запрашавте и која е македонската Дефне, односно актерката која го доловува ликот на харизматичната и темпераментна турска актерка и модел Елцин Сангу.

Она што е заедничко за двете е тоа што се вистински убавици, а станува збор за нашата сензуална синоока актерка Сашка Димитровска. За разлика од турската колешка, Сашка има побогат репертоар на театарски и филмски улоги во своето долгогодишно актерско искуство од својата матична куќа Македонски народен театар, снима реклами, спотови, синхронизира серии…

1

Оној што барем еднаш ја гледал на сцената, сигурно се уверил во нејзината моќ постојано да владее на „штиците што живот значат“ и со иста енергија да не внесе во светот на емоциите.

Таква е и во улогата на Дефне која преку својот глас ја носи речиси идентично до Елцин, но со свој специфичен печат.

Што се однесува на приватноста, Сашка и Елцин се различни и во тоа што, турската актерка е нешто помлада и се уште немажена девојка, а пак Сашка е во долгогодишен брак со сопругот Дарко со кого ги имаат синовите Калин и Иан.

2