“ПРИЛЕПЧАНИ ГИ ТУРНАА РЕКОДРИТЕ ВО МАСОВНОСТ- НЕ ЗА ПРЕДАВСТВА-ДА ЗА ПРОЕКТИ И ДЕЛА” (ФОТО+ВИДЕО)

0

ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” вечерва во Прилеп одржаа голем народен собир. Пред илјадници присутни прилепчани беше презентирана програмата од новата ера за Прилеп.

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Марјан Ристески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беа пречекани со овации.

Во новата програма предвидени се нови инсустриски зони, многу нови работни места, реконструкција на старата чаршија, гасификација на градот, нови автобуси за градскиот превоз, поддршка на младите, нови паркови, доасфалтирање на преостанатите неколку улички во градот, довршување на проектот со пречистителната станица и доизградба на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

Прилепчани вечерва кажаа дека се за дела и за уште поубав Прилеп.

А/Г/