ПРИЛЕПСКИ СРАМ: Само во Прилеп, улиците се јавни кланици (ФОТО)

0

Грозна слика од улиците во Прилеп!

Прилепчани се познати по тоа што освен ајвар, ракија и вино, за зимница ги полнат коморите за длабоко замрзнување и со месо.

Често свињите, добитокот и живината се колат по дворови и јавни места. Нешто слично се случило и во близина на кружниот тек кај Водостопанство, а кожата со локва крв завршила покрај контејнерот.

Кучињата од друга страна се гладни овој период, па секој ваков плен им е добредојден. Кожата, ја влечкаа по улицата и се натпреваруваа кој ќе лапне поголем дел.