ПРИЛЕПСКИ СРАМ: “Рефлектори – корпи за отпадоци – Нов проект на општина Прилеп?!”

0

Рефлекторите околу споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп добија нова намена.

Од неодамна тие се претворени во корпи за отпадоци и отпушоци на случајните минувачи. Но, зошто да не, подобро на едно место, отколку да се расфрла насекаде. Кога веќе некој не се грижи за културното наследство, барем нашиот безобразлук на уништување се што е вредно, да го заскриеме со “водење грижа” за останатиот простор.

Апел до граѓаните да ги испраќаат ваквите појави во градот на нашата фан страна или е-маил адреса, како и до граѓанскиот парламент на градоначалникот, да реагира на ваквите девијантни појави, а не да служи само за фотографирање во собраниската сала на општината.