ПА И НЕ Е ТОЛКУ ГОЛЕМО: Ова е „големото црвено копче“ со кое Трамп му се заканува на Ким Јонг Ун!

Бившиот официјален фотограф на претседателот на САД Барак Обама, Пит Соза на Инстаграм објави фотографија од нуклеарниот куфер на американскиот претседател

Соза објави фотографија во светло на тврдењето на сегашниот американски претседател на САД Доналд Трамп во полемиката преку медиумите со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун дека неговото „нуклеарно копче“ е поголемо од она кое го има неговиот противник.

God help us.

A post shared by Pete Souza (@petesouza) on

На една од архивските снимки службеникот од Белата куќа се качува во авион со мобилната точка за управување на системот за стратешка одбрана. На другата фотографија – ова „црвено копче“ поставено на бирото на претседателот на САД во Овалниот кабинет. На панелот со претседателскиот грб се наоѓа табла со напис „тешките одлуки се тешки“.

Соза секако не оддал никаква тајна со објауввањето на фотографиите.

– За среќа, црвеното копче не е за објавување на војна, туку за повикување на помошник – објаснува Соза.