Новиот Жилсон доаѓа во Прилеп – Бразилецот Лукас Силва потпиша за Победа

Прилепска Победа денес го обезбеди потписот и документацијата за младиот 22 годишен офанзивец Лукас Силва Сантос Жуниор (роден 19.02.1996 год).

Тој синоќа пристигна во Прилеп, утрово го одработи првиот тренинг, го потпиша договорот со Победа, а попладнево со своите нови соиграчи го одработи и првиот тренинг во новиот клуб.

Лукас беше желба на Победа на стартот на преодниот рок, за трансферот да се реализира пред истекот на периодот за трансфери.

Откако се покажа во добро светло, одработи подготовки со српскиот прволигаш Раднички Ниш во Анталија каде и одигра неколку натпревари, но не пронајде заеднички јазик околу условите, па се реши да ја прифати понудата на Победа.

Се очекува со неговиот ангажман Победа да добие на инвентивност и квалитет плус во офанизивниот дел, оној препознатллив бразилски шмек на кој прилепчани 90-тите години ги навикнаа покојниот Оливеира и Жилсон.