Неофицијално: Кои се новите директори на ЈКП Водовод и Пазари во Прилеп??

0

Според неофицијалните сознанија до кои дојдовме веќе се знаат новите директори на јавните претпријатија во Прилеп.

Успешната работа на овие две претпријатија треба да биде продолжена од новите кадри кои ќе бидат најблиски соработници на Илија Јованоски. Дали е точно дека предлог за нов директор на ЈКП Водовод и канализација ќе биде Емил Јанески, ќе видиме за неколку дена??

Прочистителната станица, водоснабдување како во минатите години, инвестиции во населените места се крупни проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да продолжат.

ЈКП “Пазари” би требало според шпекулациите да го раководи Кристијан Илиески, поранешен ракометар, вработен претходно во Тут-Ком, економист што го искористил пакетот за опремнини од поранешната фирма??

Оваа добростоечка фирма во иднина има безброј предизвици и инвестиции.

Таа беше фирма -гордост на нашиот град.