Најголемата американска воена база прерасна во град – вреди 11 милијарди долари и се наоѓа на границата со Северна Кореја (ФОТО+ВИДЕО)

0

Камп Хамфрис, американската воена база која се наоѓа на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја повеќе потсетува на мал американски град, а всушност претставува најголема воена база на оваа земја надвор од нејзината територија.

Базата се наоша во Пјеонгтаек во Јужна Кореја и од главниот град Сеул е оддалечена 64 километри. Од границата пак на Северна Кореја е оддалечена 97 километри. Вредноста на оваа воена база се проценува на 11 милијарди долари.

Кампот поседува се и сешто, од ресторани, голф терени, училиште, па дури и ветеринарна амбуланта.

Овде животот воглавно се одвива нормално, но не смее да се заборави дека на ова место војниците напорно тренираат. Тие се постојано на воена готовност.

Во оваа база моментално живеат околу 25.000 луѓе, но тој број би можел да се зголеми до 42.000 до 2020 година.

Историјата на овој камп датира уште од почетокот на 20 век, кога Јапонија тука го изградила аеродромот Пјонгтаек. После Корејската војна аеродромот е преименуван и тука е сместена американска војска.

Во 1962 година базата го добила името Хамфрис во чест на пилотот и главен офицер Бенџамин Хамфрис, кој загинал во хеликоптерска несреќа.

За време на 2005 година американската војска најавила затворање на кампот Игл и Лонг. Тие биле затворени во 2010 година, за да се пружи апсолутна поддршка на кампот Хамфрис.