НЕВИДЕНО ВО БАЛКАНСКИОТ ФУДБАЛ – Навивачите му оставија подарок на противнички играч, а тој им порача: “Еден ден на сите ќе ви се оддолжам”

Љубителите на фудбалот  кои посакуваат враќање на тимот на Земун во првата српска Супер лига, навивачката гурпа Турунум Бојс, направија неверојатен потег.

Навивачката сцена во Србија доби колорит по враќањето на Земун во првата лига.

На натпреварот меѓу Чукарички и Земун, навивачката група Турунум Бојс покажаа дека не забораваат што направиле некои играчи за нив, иако тие сега настапуваат за противничкиот табор.

Станува збор за голманот Александар Кировски кој на 27 година стана легенда на клубот. Популарниот Кира кој е сега член на другиот клуб, во понеделникот не настапил поради повреда.

Повторно навивачите на Земун му скандираа, а на крајот на натпреварот направија нешто што веројатно никогаш не се случило на балканските фудбалски терени.

– Ми скандираа за време на натпреварот и на крајот заминав да се поздравам со нив. Дури тогаш сфатив дека оставиле подарок. Станува збор за шал – рекол Кировски за српски Телеграф.

– Навистина чудно чувство. Се потсетив на убавите моменти кои ги поминав во тој клуб. Благодарен им сум и ќе им се оддолжам за се еден ден.