Мбапе станува втор најскап играч во историјата, ПСЖ повторно го одврза ќесето

0

maxresdefault

Ѕвездата на Монако Мбапе се сели на Паркот на принцевите. ПСЖ за него ќе издвои 180 милиони евра, односо 160 плус 20 како бонуси, пишува „Дело спорт“.

 

Транферот на Мбапе ќе биде втор најскап по оној на бразилецеот Нејмар, кој во минатата недела од Барселона премина за неверојатно 222 милиони евра.

Според „Дело спорт“, шпекулациите дека станува збор за договорен трансфер доаѓаат од шпанскиот весник Марка, кој јавува дека ПСЖ го победи Реал Мадрид во трката за Мбапе, откако се сложил да плати 20 милиони евра за бонуси.