Македонија ја потопи Чешка во “Борис Трајковски” (ВИДЕО)

0

received_10211537147495778

Македонија ја потопи Чешка во “Борис Трајковски”Во последното коло од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018 година, Македонија ја декласираше Чешка со резултат 33:20 и го освои првото место во својата квалификациона група со освоени 7 бодови.

Салата “Борис Трајковски” беше претесна да ги собере сите љубители на ракометот, кои громогласно ги бодреа црвено-жолтите момчиња.

МАКЕДОНИЈА ја имаше контролата над резултатот за време на сите 60 минути од натпреварот и постојано беше во водство.

Со оваа победа Македонија ги продолжува настапите на големите натпреварувања.