Локалните власти упатуваат огромна благодарност до сите добронамерници кои учевствуваа во гаснењето на пожарот кај Трескавец: Манастирот е спасен!

0

IMG_0873

Општина Прилеп, Советот при општината, Кризниот штаб и Територијалната противпожарна единица Прилеп, упатуваат огромна благодарност до сите граѓани добронамерници, кои денеска и во изминатите денови несебично се приклучија во гаснењето на силниот пожар кај манастирот Трескавец, и го спасија вековното светилиште на градот од повторно опожарување.

Пожарот околу манастирот избувна во средата, а веќе вечерта опасно се закануваше и се ширеше кон манастирот, кој е изграден во 1334 година. Околу 100 доброволци заедно со екипи на ТППЕ Прилеп успеаа да го сопрат огнот. Веќе наредниот ден попладнето и денес утринава пожарот повторно се распламти и дојде до ѕидините на манастирот, при што веднаш околу 140 доброволци пристигнаа до манастирот и успеаа да го спасат.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески постојано ја следеше ситуацијата на терен и беше присутен на лице место, исто така лично апелираше до  Министерството за внатрешни работи, да се пронајдат сторителите одговорни за пожарите околу Прилеп.

Пожарот зад себе остави голем пустош…

IMG_0785

IMG_0799

IMG_0821

IMG_0839

IMG_0836

IMG_0829

IMG_0827