ЛЕСЕН РУЧЕК за овие врели денови: Пригответе лазањи од тиквици

0

20170728154953_436555

Потребни состојки:

500 грама мелено месо по избор

две поголеми тиквички (пресечени на долги и тенки резанки)

еден кромид

две чешниња лук и маслиново масло

100 милилитри пасиран домат

200 грама сирење по желба

 

едно јајце

сол и бибер

оригано

босилек

Подготовка:

Најпрво месото пропржете го со кромидот и лукот, кои ситно ќе ги исецкате, потоа зачинете со бибер и сол. Откако месото ќе добие боја, во смесата додадете го пасираниот домат, свежиот домат, оригано и босилек по желба. Месото нека се пржи на тивок оган уште 20 минути, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Тиквичките, посолете ги да отстојат неколку минути.  Од нив исцедете ја течноста, а потоа кратко пропржете ги на тава, од двете страни.

Во посебен сад измешајте јајце и пармезан, и додајте во смесата малку сол и бибер. Во садот за печење на дното ставете малку пасиран домат и наредете ги тиквичките, па потоа јајцето со пармезанот.

Потоа ставете го месото, а  на него ставете од сирењето сирење. Постапката повторете ја додека ги искористите сите состојки.

На врвот ставете го остатокот од сирењето и прекриете со алуминиумска фолија, а потоа садот ставете го во загреаната рерна.

Печете околу 40 минути со прекриен сад, па потоа уште 5-10 минути без фолија, за јадењето да добие боја.

 

Ф/Г/