Крушевчанката Елена Христоска се закити со награда “ПОЕТ НА ГОДИНАТА” во Бугарија

Елена Христоска која ни е позната како трагач по награди, на 28.12 оваа година во Софија, Република Бугарија се закити со уште едно вредно признание “Поет на годината”.

На свеченоста која се одржуваше во Културниот центар во Софија, се доделија награди на сите категории литературни достигнувања, а манифестацијата е рангирана како водечка во градењето на културните вредности на балканските простори.

На манифестацијата учествуваа голем број на поети и писатели од соседните држави, но Христоска уште еднаш докажа дека нејзините дела напишани на парче хартија се оригинални и незаменливи, и уште еднаш гордо и достоинствено ја претстави нашата држава.

Многубројните награди кои Христоска ги освојува се доказ дека таа неуморно работи и веќе има светла иднина на патеката на која чекори.