Какво време не очекува до крајот на оваа недела?

0

Период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела. Од средина на неделата се очекува многу топло време, а за време на викендот максималната температура ќе се искачи до 38 степени.

vreme-3

Управата за хидрометеролошки работи само за четврток најавува можна локална појава на краткотраен дожд.

Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а повеќе облачност ќе има претпладне во западните делови кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.