И Сахара има повеќе снег од Македонија: Ваква снежна покривка нема ни во Маврово

0

Снег падна неделавa во регионот на алжирскиот град Аин Сефра, кој се наоѓа во пустината Сахара, објавија локалните весници.

Снежните врнежи почнаа во раните утрински часови и брзо ги покриja песочните дини.

Снег врне и во Саудиска Арабија и во Сирија

Снежната покривка достигна до 40 см и почна да се топи околу 17 часот.

Најинтересно е што последната снежна покривка ја покрила Сахара во декември 2017 година, што значи дека има снег две години по ред.