Еурокомпозит и денеска излегоа на штрајк: “Директорите ниту идат на работа, ниту преговараат?!” (ВИДЕО)

Вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит АД 11 Октомври и денеска излегоа на штрајк во центарот на градот.

Откако вчера го блокираа патниот правец Прилеп-Градско, денеска вработените предводени од синдикалната организација го блокираа кружниот тек кај споменикот “Карпалак”.

“ДИРЕКТОРИТЕ НИТУ ИДАТ НА РАБОТА, НИТУ ПРЕГОВАРААТ СО НАС. Очекуваме реакција од Скопје. Доколку добијаме реакција можиме да појдеме неколку членови од синдикалниот одбор, ако не одиме сите”, истакна претседателот на Синдикатот Роберт Богданоски.

Повеќе во прилогот на “Канал Визија”: