Доналд Трамп и Ким Јонг Ун исфрлени од отварањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја

Двојниците на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и на американскиот претседател Доналд Трамп го привлекоа вниманието на сите присутни на Зимските олимписки игри во Пјонг Чанг.

Припадниците на обезбедувањето брзо ги отстранија од трибините, пренесува Ројтерс.

– Ни беше одлично. Сакавме да ги изненадиме сите и да споделиме мир. А потоа не исфрлија од трибините, членовите на обезбедувањето. Навистина нема смисла. Зарем не сакаат мир ? – вели “Ким Јонг Ун”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.