Добила порака по погребот на сопругот – се онесвестила од она што го видела

0

lacrima

Мејлот е едно од најголемите откритија во историјата. Никогаш порано не било толку едноставно да се контактира со некој далеку од вас.

Еден пар од Минеаполис сакал да прослави 20 години  брак, така што избегале од ладните денови во сончевата Флорида.

Но, поради различните работни обврски морале раздвоено со различни авиони да одат на местото.

Кога мажот пристигнал во хотелот веднаш испратил мејл на својата сопруга, но со едно грешно кликнување, мејлот пристигнал на погрешно место.

Мејлот пристигнал во Тексас кај вдовица, која штотуку се вратила од погребот на нејзиниот маж. Тој бил популарен свештеник, кој починал од срцев удар.

На мејлот го пишувало следново:

„До мојата драга жена.

Тема: Стигнав

Датум: 7 октомври 2016

Знам дека изненадно ти пишувам. Овде во хотелот сега имаат компјутери со кои можеме да испраќаме мејлови. Штотуку стигнав и ја чекирав собата.

Гледам дека се е подготвено за твоето доаѓање утре. Едвај чекам да те видам. Се надевам дека патот ќе ти биде добар како мојот.

п.с. Овде е многу топло!“