Давид Лазароски од Прилеп – Освојувач на голем број награди на државни и меѓународни натпревари по роботика и вештачка интелигенција

0

“Имам 18 години, а веќе 8-ми пат сум државен првак во областите на роботиката, програмирањето и вештачката интелигенција. Моите успеси на ова поле започнаа пред 8 години кога за прв пат учествував на државните натпревари по роботика и го освоив првото државно место. Низата успеси продолжи и сеуштее трае. Оваа година учествував на голем број натпревари меѓу кои и државните и меѓународните. Оваа година станав повторно државен првак во областа на вештачката интелигенција со проект ,,Интелигентен интерфејс”, ја започнува својата приказна Давид Лазароски ученик во средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп и иноватор.

Неговиот најнов пронајдок е наменет за лицата со инвалидитет, кои се движат со помош на инвалидска количка.

 

“Сите проекти кои ги иновирав до сега најдуваат практична примена во секојдневниот живот на човекот. Последниот проект – интелигентниот интерфејс, главна примена му назначив кај лицата со позастапен инвалидитет, кои се движат со помош на инвалидска количка, за да можат нивната инвалидска количка да ја контролираат со помош на своите очи.

Тоа е така бидејќи нивните екстремитети не се во можност да ја движат количката па затоа имам изработено наочари на кои имам поставено камера која го следи движењето на окото  и соодветно дејствува т.е ја придвижува количата. На пример ако лицето со инвалидитет погледне со окото во лето, количката се придвижува во лево, ако лицето гледа на десно количката се прдвижува на десно а ако лицето гледа право тогаш количата се движи право. Со овој проект го освоив првото државно место во областа примена на софтвер. Потоа следен предизвик ми беше меѓународниот натрепвар ,,Robomac,” на кој натпревар го освоив првото место во категоријата на ,,Robot Humanoid”.

Мојата цел беше да осмислам креативна сценографија на која требаше да испрограмиран робот кој претставува ,,Humanoid” т.е робот-човек. Мојата сценографија беше дефинирана со различни движења и гимнастички потезии кои ги воодушеви стручните жирии и публиката пред се”, вели Давид.

 

На кои други натпревари си учествувал и со какви награди се закити?

Следен предизвик ми беше натпреварот на иновации и пронајдоци од Р.Македонија – ,,Макинова” под организација на саемот за иновации и технологии ,,Технома” на овој натпревар имав иновирано проект во кој главна примена имав акцентирано кон вештачката интелигенција на роботите, конкретно контролирање на возило – автомобил со помош на нашите екстремитети за гледање.  На овој натпревар го освоив првото место и се стекнат со златен медал.

Потоа следеше државниот натпревар на средните електротехнички училишта на кој натпревар настапив со проект кој го нареков интелигентен пронаоѓач. Целта на овој проект ми беше како да ја применам вештачката интелигенција кај возило – робот кој имаше задача да реализира автоматска класификација на кругови по големина. На овој натпревар го освоив првото место и се стекнав со златен медал.

Koи се твоите идни планови?

  • “Моите натпреварувања, предизвници и реализирање на нови проекти не застануваат тука, своите знаења и способности планирам да ги применам во иновирање на нови проекти кои главно се базирани на вештачката ителигенција на роботите  и да продолжам да освојувам високи резултати на државните и меѓународни натпревари.

Наредна идеја која сакам да ја реализирам е токму сателитската комуникација и андроид апликациите кои апликации сакам да ги применам главно кај современите паркинзи и да иновирам еден проект кој ќе биде именуван како интелигентен паркинг, кој можее да биде и практично применет и реализиран во мојот роден град Прилеп”.