Голем пожар на територијата на трите општини Кривогаштани, Долнени и Крушево

0

1-702x336

Пожар од големи размери вчера околу 13 часот ја зафати територијата на трите општини Кривогаштани, Долнени и Крушево. На терен се екипите од ТППЕ Кривогаштани со две противпожарни возила, ТТПЕ Крушево, Шумската полиција, ЈП Пелагонија од Кривогаштани, Црковниот одбор од населеното место Крушеани и свештеници од Крушеани и Кривогаштани.

Во гасењето на пожарот исто така се вклучија и жителите од Кривогаштани, Подвис и Крушеани. Пожарот многу брзо се проширува, загрозени се населените места Подвис, Локвени, Житоше како и Манастирот Св.Атанасиј и Предавателот.

Градначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски е постојано на терен со локалното население и помага при локализирање на пожарот. Неофицијални информации е дека пожарот е направен од небрежност со палење на стрништа. Се замолуваат жителите да не ги палат стрништата како и да се внимава каде се фрла отпадот кој може лесно да се запали.