Гимназијалците приредија ноќ за паметење: Музичкиот настан “Поезија во чаша” ги стопли срцата на присутните (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ноќ за уживање.

Оваа прва реченица беше најчест коментар по поетскиот музички настан насловен како „Поезија во чашa“ одржан на 14.02.2017 во кафе Вирус.

Овај настан, веќе традиционален, изобилуваше со емоции, убава музика и насмевки на сите присутни. Самиот настан беше различен од сите други затоа што најголемиот дел од прикажаното почнувајќи од постерот, рецитацијата и поезијата беа лични дела на учениците од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп.

За постерот се погрижи Марија Ристеска I-4. Солисти на вечерта беа Ивона Нанческа, Антонио Николоски, Ангела Зероска, Теодора Димеска, Стефан Ангелески, Натали Китаноска и Бистра Петреска.

Музичко-техничкиот дел го реализира Гоце Илиески и Стефан Костоски.

Рецитаторите се покажаа во вистинско светло. Настапуваа: Александра Илиеска, Стефанија Стефаноска, Теодора Димеска, Афродита Петкоска, Марија Дисоска, Симона Паскоска, Исидора Стеваноска, Сана Котеска, Евгениј Темелкоски, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Александар Петрески.

Поезијата и прозата беа дело на гимназијалците: Елена Ристеска, Симона Паскоска, Афродита Петкоска, Исидора Стеваноска, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Теодора Бошкоска.

Севкупно, ноќ која не се заборава. Ноќ која создаде многу спомени и ноќ која дефинитивно нема да се заборави.