Вљубеник во животните го прошета својот домашен миленик во центарот на Прилеп (ФОТО)

0

imageedit_1_9912702705

Страсен вљубеник во животните од Прилеп синоќа низ строгиот центар на градот го прошета својот миленик.

Затоа што чувањето мачка и куче е клише, негов миленик е домашна бела овца која фасцинираше со нејзиното бело и меко крзно.

Овцата верно го следеше својот газда и мирно парадираше низ плоштадот, како да е на некоја модна писта.

Сето тоа беше проследено од исполнетата со луѓе прилепска чаршија, a “љубоморните” прилепчани “се восхитуваа” на храброста и делото на овој нивни сограѓанин.20750886_10212019663118367_1479108834_n_censored (1)

20750920_10212019663038365_1129394539_n_censored