Во eден ден две нови засилувања во Победа: Пристигна и Александар Исаевски

После Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, во редовите на Победа пристигна и 9-тото засилување.

Комплетното пополнување на играчкиот ростер е при крај со ангажманот на 23-годишниот левоног страничен фудбалер Александар Исаевски.

Тој долго време живеел и кариера изградил во САД настапувајќи за колеџ екипи со забележителен успех-во две сезони околку 40 натпревари и 9 голови.

Во Победа доаѓа по есенските 14 натпревари за Македонија ЃП, а особено по поволниот впечаток на пробниот меч со Дрита во Охрид.