Во 24 часа во Прилеп се случиле две трагедии – самоубиство се случило и во населбата “Точила”?!

0

Брачна двојка од Прилеп вчера беше пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство станува збор за убиство и самоубиство. Станува збор за брачната двојка, 81-годишниот Мице и 76-годишната Илка Нешкоски.

Според она што го дознаваме самоубиство се случило и во средата во населбата “Точила”.

Неофицијално се работи за 28-годишник кој животот си го одзел скокајќи од петти кат од една од зградите “К”.

Настанот се случил во средата околу 14-15 часот, а лицето починало на лице место.

Очекуваме повеќе информации наскоро.