“Во 13 чaсот гледајте дали вашиот пратеник од СДСМ ќе гласа за двојазичност, федерализација и Платформа??”

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе го одржи продолжението на 32.седница на која на дневен ред се амандманите на Законот за употреба на јазиците во трето читање.

Никој не знае дали собранискиот спикер Џафери ќе се одлучи да отвори амадманска расправа по поднесените 36.000 амадмани од ВМРО-ДПМНЕ за овој контроверзен Закон.

Доколку мнозинството во Собранието составено од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и БЕСА се одлучи да го гласа Законот без притоа да се разгледуваат амадманите, тоа ќе предизвика уште поголема правна несигурност, а Македонија ќе стане двојазична држава.

Од 13 часот гледајте на собранискиот канал и видете дали и пратеникот на СДСМ од вашиот град ќе гласа потврдно за овој Закон, за кој реакциите на јавноста деновиве се бурни.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека пратениците од оваа партија ќе учествуваат во работата на седницата.

Тие од своја страна деновиве побараа вразумување од своите колеги од СДСМ и откажување од намерата за донесување на овој Закон.