Во склоп на манифестацијата ”Крушево Етно град”, промовирана стихозбирката “Голтка живот” oд Елена Христовска

0

Во Крушево во склоп на манифестацијата” Крушево Етно град” се одржуваат низа културно уметнички настани. Еден од тие настани беше и промоцијата на стихозбирката “Голтка живот” на крушевчанката Елена Христоска.

“Голтка живот” беше промовирана во Домот на култура “Наум Наумовски – Борче” во Крушево, а како промотот говореше професорот Никола Јованоски.

image001

Елена Христоска ни е истакнат поет, која преку нејзината трета стихозбирка уште еднаш докажа дека секоја една душа сама по себе е една поема, и секое искрено напишано парче хартија кон кое ќе го отворите вашето срце е оргинално и незаменливо дело.

Од нејзините почетоци до денес, во нејзината биографија ќе забележиме дека Христоска е веќе автор на три поетски збирки “Шепотот на срцето”, “Небесен бал” и “Голтка живот”.Освен тоа во овај изминат период Христоска освои и бројни награди на домашни и странски поетски фестивали во Србија, Бугарија, Русија.

Тоа е доказ дека оваа млада поетеса неуморно работела во изминатиов период и она што го најави во почетокот од својата кариера веќе го остварува.

image002

Професорот Јованоски ќе каже : – Во оваа нејзино најново поетско остварување Христоска ни нуди 45 нови песни во кои низ нејзината поетска призма ни нуди лирски едноставен стих но и на успешен начин ни ги доловува нејзините видувања кон повеќето животни прашања.Таква содржина ќе најдете меѓу овие корици,а тоа зборува дека Христоска се осмелила да даде сопствено толкување на темата живот што од друга страна оваа поезија ја прави сосема блиска до читателската публика.

image003