Во пожарот изгубиле се’: Mлада самохрана мајка и нејзината едногодишна ќерка од Скопје МОЛАТ ЗА ПОМОШ!

фото/ print screen

Eден месец младата самохрана мајка Венера Анѓелковиќ и нејзината едногодишна ќерка се борат да опстанат, откако за Божиќ во пожат го изгубиле станот во скопската населба Ѓорче Петров, а во пожарот настрадала и нејзината мајка.

Оттогаш Венера и нејзината ќерка живеат каде ќе стигнат, по роднини и пријатели, но со неизвесност што ќе биде утре.

„На нас не ни треба нешто многу, само да има каде да се легне, да се јаде. Ни треба помош за сместување, зашто сега сме кај роднини… кај сестра ми не можевме повеќе, оти има деца. Не можевме кај нејзе и сега сме во Куманово“, изјавила Венера Анѓелковиќ за “Канал 5 Телевизија” од каде ја пренесоа сторијата за ова несреќно семејство.

Венера и нејзината ќеркичка имаат потреба од секаква помош која ќе и помогне да го обнови станот во кој живеле.