“Во Прилеп имало и ќе има квалитетен рап”: Интервју со дечките од “Станица 048”

0

“Станица 048” се прилепски рап артисти кои освојуваат со сопствената мисла. Заедно се од 2014 години и од тогаш активно работат во ширење на рап културата. Тие се креативни, слободни рапери кои немаат бариери во создавање на она што најмногу го посакуваат. 

BeFunky Collage

Зошто “Станица 048”, како го одбравте ова име ?

– Затоа што самото име зборува дека доаѓаме од Прилеп,  името беше едногласно избрано од тричлената комисија која ја содржеа сегашните членови на групата.

Од кога функционирате заедно, како дојде до овој спој и како се движите до сега?

Како екипа Архетип, Крајм и Перо сме заедно од средината на 2014 година, една година покасно се појавува Joey Dzo како наш битмејкер и продуцент. Магично се споивме и движиме прекрасно од првиот ден па се до овај и натаму како група, а пред се како друштво.

18644505_10207017016142305_447258955_n

Зошто рап музиката, во што се разликува овој тип на  музика од останатите жанрови на музика?

– Јако е, имаш слобода на говор, можиш многу полесно и побрзо да го извадиш на површина она вистинското (Real) движење.

Кои се ваши самостојни проекти досега и како се прифатени кај публиката?

– Имаме прилично добар број на извадени песни и неколку настапи самостојни.
Публиката хмм, полн кафич и по некоја критика ни даваат надеж за понатамошна работа.

Се чини дека рап културата и настапите со рап музика во Прилеп, некако стивнаа. Каде вие најчесто настапувате и на што се должи недостатокот на квалитетни рап настапи во нашиот град?

– За културата сигурен сум дека не е стивната, а околу настапите немам зборови.
Најчесто имаме настапувано на домашен терен (Прилеп) и на неколку наврати Скопје.

Финансиите се виновни за се.

Зад вас имате многу сработени песни, со одлични текстови. Кој е задолжен за пишувањето на текстовите и што е најдобра инспирација за да се напише еден успешен, впечатлив и допирлив текст?

– Текстовите ги пишуваме секој за себе, затоа што секој зад себе носи своја приказна со одредена порака која е обработена тематски.
Се е рутина, а за впечатлив и  допирлив текст не е тешко, затоа што сите по малку или повеќе поминуваме низ исти случки.

18623121_10207017016062303_493258212_n

Кои се вашите планови во иднина и што за скоро време можеме да очекуваме како најсвеж производ од “Станица 048”?

– Големи планови нема, снимаме кога можиме, еве последниов период се снимени неколку свежи парчиња кои мируваат во фиока, сега за сега потенцијален добитник за да излези е песната  “Sвони кај Тони”.  Трап парче свежо од рерна, кое мириса на деликатес.

Успевате ли да ги совладате финансиските препреки, кои често пати се проблем за артистите на сцената?

Сеуште не.

За крај еден кус опис, што е она што и недостига на рап сцената во Македонија, како македонските рап артисти можат да ги прошират своите видици и да настапуваат на регионални, европски, светски  сцени и со каков талент располагаме како град и држава?

Сега за сега мижиме, затоа што општо на цела македонска музичка сцена и фали повеќе внимание од сите нас, па потоа и пошироко од границите на Македонија.

Прилеп имало рап има и ќе има, имаме мноогу квалитетен македонски рап.
Ме радува што имаме и нови прилепчани во игра, еден од нив и соработува со нас, за што зборувам останува да преслушате.