“ВРИЕ ВО ЕУРОКОМПОЗИТ – експлозија од незадоволство во фабриката за оружје?!”

Продолжува агонијата и проблемите за вработените во Еурокомпозит “11 Октомври”.

Имено на вчерашниот состанок кој требаше да се одржи по покана на синдикалната организација во просториите на фабриката на Лазар Ангелески, инаку претставник на СИЕР, гранковиот синдикат на ССМ, не му бил дозволен влез во фабриката.

Членовите на синдикалната организација на Еурокомпозит, седницата на Собранието, поради вонредните услови ја одржаа надвор, пред влезот на фабриката, пренесува Радиопела.мк.

Поводот за состанокот во Еурокомпозит било несогласувањето на поголемиот дел од вработените со досегашната работа на претседателот на синдикалната организација Владо Чурлиноски, додаваат од Радио Пела.

На состанокот бил избран и нов предводник на синдикалната организација на Еурокомпозит. На оваа позиција сега доаѓа Роберт Богданоски, кој за Радио Пела тврди дека имал големи притисоци за да не ја прифати понудената лидерска позиција.

Целата информација прочитајте ја ТУКА