ВНИМАТЕЛНО ПО ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД – СЕКОЈ ЧЕКОР Е РИЗИК (ФОТО)

Снегот во Прилеп ги изненади градските власти, кои не преземаат никакви активности да го олеснат движењето на граѓаните.

Градските плоштади и тротоарните површини се обвеани со снежна покривка, а екипите ги нема никаде.

Плоштадот е прекрасен за гледање, но опасен со секој поминат чекор.

Градоначалникот и локалните служби не се погрижија да направат барем пристапни патеки по кои луѓето ќе можат слободно и безбедно да се движат.

Ништо поразлична не е состојбата и со улиците, каде возачите се жалат на подмрзнатиот коловоз и нередовното поминување на службите наменети за чистење на снегот и посипување со камчиња и сол.

Проблемите за прилепчани ќе се вложат во текот на денешниот и утрешниот ден за кога метеоролозите предвидуваат ниски температури до -10 под нулата.