ВНИМАВАЈТЕ ! Ако ја имате оваа апликација веднаш да ја избришете, затоа што го следи секој ваш чекор

0

poruka-sok

Популарната апликација за временска прогноза “Accuwather” наводно, сопред доказите на сигурносните истражувачи, ги собирала податоците на “IOS”, но веројатно и на андроид корисниците, за нивното движење и локациите кои ги посетиле, а потоа овие информации ги праќала на компании кои ги искористиле за други цели.

Но, за работата да биде уште полоша “Accuweather”, наводно сето ова го прави и кога локацијата на телефонот е исклучена.

 

Be #AccuWeatherReady ready for Summer. http://accuweather.com/ready

A post shared by AccuWeather (@accuweather) on

Сигурносен истражувач, кој се занимава со пронаоѓање на ранливоста во мобилниот софтвер, утврдил дека “Accuweather” во 36 часа повеќе од 16 пати испратила податоци за користење на телефон на компанијата “Ривил мобајл”.

Податоците кои апликацијата ги испратила, според тој извештај, се ГПС координати, насоките на движење, вај-фај рутери на кои телефонот бил поврзан и информации за вклучување на “блутут”.

Компанијата на која и биле испратени податоците, ги користела за профилирање на корисниците и подобро разбирање на нивното движење.

 

Ф.Г.