(ВИДЕО) Масовна тепачка меѓу арапските тајкуни пред катарската криза

0

Делегациите на Катар и Саудиска Арабија меѓусебно се претепале на конференција на Унијата на работниците во нафтената сфера, која се одржа во Кувајт, пишуваат арапските медиуми.

arapi

Видео снимката е објавена на Твитер профилот на ирачкиот политичар Валид ал Азави. Според неговите зборови, инцидентот се случил на 20. март на маргините на конференцијата.

Саудијците почнале да ги навредуваат катарските колеги, кои на крајот го изгубија трпението и физички ги нападнале, пренесува Спутник.