Бидете хумани и помогнете за прилепчанката Виолета Митрикеска

0

fafa

Виолета Митрикеска од Прилеп веќе 4 години боледува од редок вид на канцер на абдомен и се бори со болеста. Се работи за специфична болест која постојано се повторува и покрај трите операции кои ги имала, а ќе следува и четврт хирушки зафат. Лекувањето за нејзината болест чини 60 евра дневно или 1800 евра месечно, средства кои семејството Митрикески не може да ги обезбеди од својот џеб. Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат и да донираат.

Нејзиниот син на фејсбук со трогателна порака бара помош за спас на животот на својата мајка.

Почитувани хуманисти, добри луѓе,
Би сакале да се обратиме до сите Вас со добивање на разбирање и финансиска помош.

Се однесува за нашата мајка која веќе 4 години се бори со канцер на абдомен. Од 2013 до сега се направени 3 операции, а ќе следува и 4та. Типот на туморот е специфичен и редок и постојано се повторува. Помина неколку циклуси на хемотерапија, ќе следува и нареден циклус. Процесот на лекување е долготраен и финансиски чини многу. Сите лекарства, терапија и суплементи чинат околу 60 евра дневно или 1800е месечно. Замолуваме за финансиска помош и се обраќаме до сите Вас добронамерници кои би ни помогнале во процесот на понатамошното лекување.
Сите информации и препораки кои би ни помогнале ни се добредојдени!

Хуманитарна сметка за донации:
Комерцијална банка
Митрикеска Виолета
300021000008925

Однапред благодариме,
Александар Митрикески
Викторија Митрикеска

*споделете